Гласовен AI асистент на македонски

Одговара на секој повик. На македонски. 24/7.

Виртуелен рецепционер кој разговара со вашите клиенти, одговара на прашања, проверува слободни термини и закажува директно во вашиот календар — додека вашиот тим си ја работи работата.

  • Се претставува како виртуелен асистент
  • Закажува само по потврда од клиентот
  • Префрла на вработен кога треба

Секој неодговорен повик е изгубен клиент

☎

Ниту еден пропуштен повик

Кога линијата е зафатена, после работно време или за време на пауза, асистентот одговара наместо телефонот да ѕвони во празно.

📅

Термини без „телефонско тенис“

Проверува реални слободни термини во вашиот календар и закажува само кога клиентот ќе потврди. Без измислени часови и цени.

⚙

Тимот работи, не одговара на исти прашања

Цени, работно време, локација, залиха — одговара точно според податоците што ги имате вие, а ве известува за сè што бара човек.

Како работи

  1. 1

    Клиентот се јавува

    На вашиот постоечки број (кога е зафатено или после работно време), преку WhatsApp или од вашиот вебсајт.

  2. 2

    Асистентот разговара

    Разбира говорен македонски, вклучително и разговорни изрази, и одговара природно, со кратки реченици.

  3. 3

    Проверува и закажува

    Во Google Calendar, вашата залиха или софтверот што веќе го користите. Важните податоци секогаш ги повторува за потврда.

  4. 4

    Вие сте известени

    Е-пошта или порака со резиме за секое барање. Кога клиентот сака човек, го префрла на вработен или зема порака.

За бизниси што живеат од телефонот

Вулканизери и авто-сервиси

Сезонска замена на гуми, залиха и цени по димензија, закажување термини за дигалките.

Поликлиники и стоматолози

Закажување прегледи кај вистинскиот доктор, цени и подготовка за анализи — без медицински совети.

Салони и сервиси

Термини, поместувања и откажувања, информации за услуги — и кога сте со клиент.

Го задржувате бројотПренасочување кога е зафатено или после работно време.
WhatsApp повициИстиот асистент одговара и на WhatsApp.
Ваши системиGoogle Calendar, CRM, вебшоп или ваш софтвер преку API.
ТранскриптиСекој разговор со исход: термин, порака или префрлање.

Разговарајте со асистентот

Изберете демо бизнис, внесете го кодот за пристап и зборувајте на македонски. Бизнисите, цените и термините се измислени.

Демо бизнис
Подготвено

Пробајте да кажете:

    Разговорот се обработува од AI сервиси за говор и јазик. Не кажувајте вистински лични податоци — користете измислено име и број.

    Разговор

    Тука ќе се појави текстот на разговорот.

    Што прави асистентот

    Проверки на календар и залиха, закажувања и пораки ќе се појават тука.

    Пилот за вашиот бизнис

    1. Краток разговор за вашите повици, услуги и календар.
    2. Го подготвуваме асистентот со вашите цени, работно време и правила.
    3. Тест период на вашиот број — прво само за повиците што сега ги пропуштате.

    Чести прашања

    Дали клиентите знаат дека зборуваат со AI?

    Да. Асистентот на почетокот се претставува како виртуелен асистент и најавува дека разговорот може да се снима.

    Што ако не го разбере клиентот?

    Бара да повтори, а датумот, часот и телефонскиот број секогаш ги повторува за потврда. Ако и понатаму не оди, зема порака или го префрла на вработен.

    Дали морам да го сменам телефонскиот број?

    Не. Најчесто се поставува пренасочување на повиците кога линијата е зафатена или после работно време, па асистентот ги прима само повиците што сега ги пропуштате.

    Може ли да закажува во нашиот систем?

    Google Calendar работи веднаш. Други системи за закажување, CRM или вебшоп се поврзуваат преку API.

    Колку чини?

    Зависи од бројот на повици и интеграциите. Почнуваме со пилот за да видите реални резултати пред да одлучите.